Хроника 07. мај 2020. / 09:53

Приведени 29 лица за непочитување на полицискиот час

Приведени 29 лица за непочитување на полицискиот час

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти полицијата.

Во истиот период на територијата на Република С. Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.