Хроника 08. јуни 2020. / 10:54

Приведени 180 лица за непочитување на полицискиот час во изминатото деноноќие

Приведени 180 лица за непочитување на полицискиот час во изминатото деноноќие

Вo иминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.

Од страна на полициски службеници, изршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.