Хроника 27. февруари 2021. / 12:59

Приведени 18 лица во кафана во Стајковци што работела по дозволеното време

Приведени 18 лица во кафана во Стајковци што работела по дозволеното време

Во угостителски објект во село Стајковци синоќа биле уапсени 18 лица поради непочитување на мерките за заштита, информира СВР Скопје.

– На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19, соопшти СВР Скопје.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.