Хроника 08. октомври 2020. / 12:20

Приведен велешанец, откако полицијата пронашла марихуана во неговиот дом

Приведен велешанец, откако полицијата пронашла марихуана во неговиот дом

Доцна синоќа околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле 26-годишниот Т.Ј. од Велес затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од растението канабис сатива.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.