Вчеравечер околу 23.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој престојувале 9 лица гости.
Тој е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.