Хроника 26. декември 2020. / 12:29

Приведен турски државјанин на скопскиот аеродром

Приведен турски државјанин на скопскиот аеродром

Турски државјанин на 19-годишна возраст вчера бил приведен на скопскиот аеродром.

Вчера во 08.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром  Скопје“, од полициски службеници е лишен од слобода Ф.Ц.(19) од Р.Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ бидејќи истиот приложил германска лична карта на име T.Л.(20) од Германија, информира МВР.

Лицето е предадено на Одделение за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.