Хроника 30. септември 2020. / 11:13

Приведен тетовец за издржување затвор од 3,5 години за дрога

Приведен тетовец за издржување затвор од 3,5 години за дрога

Утрово е приведен 36 годишно лице од Тетово кој со наредба од суд се барал за издржување на три години и шест месеци затвор, информираа од тетовската полиција.Тој бил приведен околу 8.30 часот на улицата Љуботенска.

Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Ц.(36) од Тетово, кој со наредба од Основниот суд Тетово се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти СВР Тетово.

Приведениот ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната