Вчера околу 16.30 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Д.С.(42) од Тетово.
При преглед на Д.С, кај него било пронајдено и одземено најлонско ќесе со осум пакувања со хероин.
Тој е задржан во полициската станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.