Хроника 17. декември 2018. / 10:11

Приведен тетовец баран од полицијата на скопскиот аеродром

Приведен тетовец баран од полицијата на скопскиот аеродром

На 16.12.2018 година во 13,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром Скопје“, на  излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Ш.А.(30) од село Копачин Дол, тетовско евидира со мерка „апси“ по барање од Основен Суд Тетово.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР  Скопје,  за спровод до КПУ-Затвор Тетово.