Хроника 22. февруари 2019. / 10:42

Приведен скопјанец кој превезувал мигранти

Приведен скопјанец кој превезувал мигранти

На автопатот Гевгелија- Неготино, кај мостот Клисура, полициски службеници запреле патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Скопје. При контрола на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан. Возачот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Неготино за расчистување на случајот.