Полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба синоќа во 20.15 часот во Скопје, го привеле Г.С.(44) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „телесна повреда“, по член 130 од Кривичниот законик.
– Во 21.00 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, информираа денеска од МВР.