Хроника 09. јуни 2020. / 12:17

Приведен шверцер на мигранти

Приведен шверцер на мигранти

Од слобода е лишен А.С.(45) од село Лојане, липковско, затоа што околу три часот на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничкото возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезува 12 мигранти.

Од МВР информираат дека 10 од мигрантите биле од Авганистан и двајца од Иран. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.