Полициските службеници од Полицистката станица Штип вчера го привеле лицето М.Д (25) од Штип, врз основа на распишана централна потерница, за доиздржување затворска казна од осум месеци за повеќе сторени кривични дела, „тешка кражба“ и „кражба“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето М.Д. било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.