Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, денеска ( 14 декември ) околу 11 часот и 30 минути, во гостиварското село Чегране го привеле 46-годишниот чегранец А.С, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело„ недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
По кусото задржување во Полициската станица Гостивар, А.С. предаден е во КПУ„Идризово“ за издржување на затворската казна.