Хроника 27. април 2020. / 18:35

Приведен мажот што качен на автомобил пцуеше сред центарот на Скопје

Приведен мажот што качен на автомобил пцуеше сред центарот на Скопје

Човек качен на автомобил довикуваше навредливи зборови кон поранешни и актуелни државни функционери. Настанот беше документиран и видеото се споделуваше на социјалните мрежи.

Во врска со овој настан, Министерството за внатрешни работи (МВР), информираше дека човекот е приведен.

МВР ја известува јавноста дека лицето Х.Ј. е приведено и дека против него ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци, информира полицијата.