На 19.07.2020 во 22.00 часот на автопат А1 – клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(54) од село Миравци, гевгелиско, кој без да поседува возачка дозвола управувал патничко возило „даеву ланос“, со гевгелиски регистарски ознаки.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки кои ги користел биле од патничко возило „мерцедес“, сопственост на В.Ф. од с.Миравци, поради што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информира МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР „Југ“ за понатамошна постапка.