Хроника 22. февруари 2019. / 11:36

Приведен малолетен дилер во Скопје

Приведен малолетен дилер во Скопје

Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија и Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, извршија претрес во дом и други простории кај лицето С.К.(17) од Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.