Хроника 20. октомври 2020. / 13:45

Приведен кумановец баран со потерница за издржување затворска казна

Приведен кумановец баран со потерница за издржување затворска казна

Кумановската полиција привела маж од селото Романовце кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

Полициски службеници од СВР Kуманово денеска во 11.00 часот го привеле И.Р. (28) од с.Романовце, Куманово, кој се барал со наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од четири години за извршено кривично дело по чл.236 од КЗ на Република Северна Македонија, информира МВР.

Лицето е спроведено во КПД Идризово.