Хроника 08. декември 2020. / 15:23

Приведен криминалец од Скопје кој бил баран со потерница

Приведен криминалец од Скопје кој бил баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потраги, утрово во 09.00 часот го привеле Д.Т.(32) од Скопје, кој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор-Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека Д.Т. е осуден на казна затвор од две години и осум месеци, по чл.378 и чл.241 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор–Скопје.