Хроника 24. ноември 2020. / 12:03

Приведен крадец од Јурумлери кој извршил четири тешки кражби во Петровец

Приведен крадец од Јурумлери кој извршил четири тешки кражби во Петровец

Полицијата расчисти вкупно четири тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба, вчера во 10:50 часот  на место викано Дрма, атар на село Мралино, го лишиле од слобода 37-годишниот Ф.А. од скопското село Јурумлери, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ извршена во викенд куќа.

Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец, информираат од МВР.

Лицето Ф.А. е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.