Хроника 13. септември 2020. / 11:11

Приведен косовски државјанин на скопскиот аеродром

Приведен косовски државјанин на скопскиот аеродром

На 12.09.2020 во 19,30 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром“- Скопје на излез од Република Северна Македонија по извршена пасошка контрола и извршена проверка констатирано било дека Х.В.(29) од Косово немал остварено влез во РСМ и не поседувал изјава за негативен ПЦР тест.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.