Хроника 14. ноември 2020. / 11:00

Приведен дилер во Влае: Запленети амфетамин и марихуана

Приведен дилер во Влае: Запленети амфетамин и марихуана

Во скопската населба Влае, вчера попладнето секторот за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје во возило „Субару форестер” со скопски регистерски таблички управувано од триесет и осумгодишниот Д.Б од Скопје пронашол амфетамин.

При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање дроги во внатрешноста на шал таблата од возилото во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменета за натамошна продажба, информира МВР.

Против Д.Б ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното основно јавно обвинителство Скопје.