Хроника 03. февруари 2021. / 16:16

Приведен дилер од гостиварско

Приведен дилер од гостиварско

Во гостиварско Врапчиште, денеска околу 12:20 часот полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(34) од гостиварско Здуње, затоа што кај него била пронајдена марихуана, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, а во координација со Јавен обвинител, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.