Хроника 17. декември 2020. / 10:48

Приведен четириесетгодишен кичевчанец баран со потерница

Приведен четириесетгодишен кичевчанец баран со потерница

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници го привеле четириесет годишниот Џ.Х. од Кичево за кој што била издадена потерница за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од Министерството се наведува дека лицето е спроведено во затворот во Битола.