На 07.07.2020 во 23.40 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(28) од с.Арачиново, скопско, затоа што при извршен преглед во неговото возило бил пронајден пиштол марка ЦЗ 99, со една рамка со 10 куршуми, за кој не поседувал дозвола, информира МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.