Хроника 26. октомври 2020. / 14:21

Приведен арачиновец баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор

Приведен арачиновец баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор

Арачиновец кој треба да издржува казна затвор од 10 години, денеска е приведен од страна на полицијата и ќе биде спроведен во КПД Идризово.

Како што соопшти МВР во 10:50 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага го приведоа О.Б. (53) од село Арачиново, кој се барал со меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 10 години.