Хроника 24. октомври 2020. / 12:15

Приведен Албански државјанин со лажна грчка лична карта на скопскиот аеродром

Приведен Албански државјанин со лажна грчка лична карта на скопскиот аеродром

На 24.10.2020 во 04,00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, З.Т. (28) од Р.Албанија се пријавил со фалсификувана грчка лична карта на име А.Т.(27).

По извршениот разговор со него изјавил дека  грчката лична карта е   фалсификувана  и дека ја имал купено од непознато лице во Р.Грција, информира МВР.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.