Хроника 07. октомври 2020. / 14:15

Приведен 51-годишнен маж во чиј дом биле пронајдени куршуми и пиштол

Приведен 51-годишнен маж во чиј дом биле пронајдени куршуми и пиштол

Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје утрово во периодот од 06.00 до 07.30 часот,извршиле претрес во домот и други простории на лицето Н.Б.(51) од с.Копаница, Скопско, при што биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 мм наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол.

Како што соопшти МВР, Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.