Хроника 13. октомври 2018. / 11:35

Притворени полицајци поради поткуп од 50 евра

Притворени полицајци поради поткуп од 50 евра

Двајца полицајци, кои им зеле 50 евра поткуп на Срби при контрола за да не ги казнат, завршија во притвор.

Одделот за внатрешна контрола при МВР до ОЈО Велес поднесе кривична пријави против 27 и 22 годишен полицаец од Демир Капија поради кривично дело ,,примање поткуп”.

Тие сопреле возило на српски државјанин и му побарале 50 евра за да не изготват записник за прекршок, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Случајот е пријавен во полициска станица. Судија на претходна постапка им определи 30 дена притвор.