Хроника 26. февруари 2021. / 11:07

Притворен битолчанец во чиј дом биле пронајдени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана

Притворен битолчанец во чиј дом биле пронајдени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при претрес во домот на П.Б (31) од Битола била пронајдена и одземена дрога, по што лицето е лишено од слобода.

– На 25 февруари, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на П.Б.(31) од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана, информираа од МВР.

П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава