Хроника 17. септември 2018. / 14:27

Притвор за скопјанец: МВР пронајде оружје и униформи со логото на Христијанско братство

Притвор за скопјанец: МВР пронајде оружје и униформи со логото на Христијанско братство

Кај 53 годишен скопјанец пронајдено е оружје и маскирни униформи со лого на Здружението Христијанско братство.

Обвинителството соопшти дека при рутинска контрола во автомобилот на скопјанецот бил пронајден пиштол и муниција, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени парчиња опрема, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка и друга опрема.

Против скопјанецот е поднесена пријава за недозволено поседување оружје и му е одреден притвор од 30 дена.

Здружението Христијанско братство се појави како едно од организаторите на протестите пред собранието против договорот од преспа.