Хроника

Притвор за маж од Студеничани – криумчарел мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(35) од скопското село Студеничани, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска МВР.

– На 11 септември во 01:00 часот на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија е сопрено патничко моторно возило „БМВ” управувано од пријавениот кој се обидел да го напушти местото на настанот, но од страна на полициски службеници бил лишен од слобода. При проверка во возилото пронајдени се 10 лица, илегални мигранти на возраст од 16 до 35 години од Пакистан и Авганистан. Пријавениот лицата ги превезувал од село Негорци, гевгелиско со намера да ги превезе до границата кон Србија, се појаснува во соопштението.