Хроника 04. октомври 2018. / 15:35

Притвор за гостиварец – се обидел да ограби дуќан

Синоќа околу 1 часот на улицата Илинденска во Гостивар полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(34) од село Дебреше, гостиварско.

Тој, вчера околу 23 часот се обидел да изврши тешка кражба во трговски објект на булеварот Гоце Делчев во Гостивар, но бил забележан од сопственикот и избегал.

По преземени мерки Н.И. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, соопшти МВР.