Хроника 25. јули 2018. / 16:26

Прилепчанец жртва на финансиска измама

Прилепчанец жртва на финансиска измама

Осумдесет и четиригодишен прилепчанец бил цел на измамници што го оставиле без заштедата. Според полицијата, во Полициската станица Прилеп, Ѓ.И. (84) пријавил дека на градскиот пазар му биле одземени 7.000 франци и 150.000 денари.

Измамниците под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златарница, го убедиле да им ги даде парите, кои дел му бил дома, а дел извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.