Хроника 20. септември 2020. / 13:40

Прилепчанец загина откако излетал со мотор од коловозот

Прилепчанец загина откако излетал со мотор од коловозот

На 19.09.2020 околу 19.40 часот на регионален пат с.Витолиште – Прилеп, мотоцикл „ктм“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(47) од Прилеп, излетал од коловозот.

Од здобиените повреди Д.Н. починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп, информира МВР.