Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен прилепчанец, за сторено кривично дело измама при добивање кредит или други погодности.
Како што информираат од МВР, на 31. август годинава во филијала на банка во Прилеп, пријавениот поднел барање за одобрување на кредит, при што образците ги пополнил со лажни податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години, за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на фирмата.
Врз основа на наведената документација, на 03. септември годинава банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, но при извршени проверки во наведената фирма, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во истата.