Хроника 15. септември 2018. / 10:10

Прилепчанец е крвнички убиен и запален

Прилепчанец е крвнички убиен и запален

Вчера околу 16.30 часот во полиција било пријавено дека во прилепското село Беловодица на патот гори непознато лице.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело, информираат од МВР.

Утврден е идентитетот на лицето. Станува збор за 36-годишниот А.Б. од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.