Синоќа околу 01:30 часот по полноќ 20-годишниот Б.Б. од Прилеп пријавил во полициската станица Прилеп, дека кога си одел заедно со неговите пријатели и неговиот брат од угостителски објект, од страна на едно лице кое го познавал бил физички нападнат.
Напаѓачот со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на грбот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.