Хроника 24. декември 2020. / 20:00

Причепчанец „романтичар“: Со фалсификувани евра сакал да купи цвеќе од цвеќарница

Причепчанец „романтичар“: Со фалсификувани евра сакал да купи цвеќе од цвеќарница

Прилепчанка се пожалила дека купувач и дал фалсификувани 50 евра за цвеќе однејзината цвеќарница. Вчера во 16:00 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15:40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.