СВР Куманово поднесе кривична пријава против четериесет и едно годишен жител на Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.
На 16.09.2019 на локален пат с.Лопате-Куманово, пријавениот, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со трактор вршел јавен превоз без лиценца на огревни дрва, со испратници од ЈП „Национални Шуми“- ПСШ Куманово.