Хроника 26. април 2019. / 22:30

Претепани четворица малолетници пред угостителски објект

Претепани четворица малолетници пред угостителски објект

На 26.04.2019 год. во 01,50 час. четворица малолетници пријавиле дека во Македонски Брод на ул. „Партизанска“ во близина на угостителски објект биле физички нападнати од Л.С(19) од Македонски Брод и М.Р(20)од Македонски Брод.

Против лицата ќе биде поднесена пријава за нарушен Јавен ред и мир по чл. 12 ст 2 од ЗППЈРМ.