Хроника 25. јули 2018. / 13:30

Престрелка во Тетово, оштетено возило, нема повредени

Престрелка во Тетово, оштетено возило, нема повредени

Денес околу 10 часот, во близина на тетовската Клиничка болница се случил вооружена престрелка во која нема повредени лица, а причинета е само материјална штета. Куршумот кој бил испукан, завршил во автомобил кој бил паркиран во близина. Педесет и осумгодишниот тетовец Б.И. случајно се сретнал со М.И. (52) од Џепшиште и настанале расправии поради должничко доверителски односи.

По куса расправија, според првичните неофицијални сознанија на СВР Тетово, М.И. физички го нападнал Б.И, а овој тогаш извадил пиштол и испукал еден куршум со кој не го погодил, туку оштетил едно возило.

Б.И. приведен е и задржан во ПС Тетово, а пронајден е и одземен и п пиштолот со кој пукал. Обезбеден е и М.И., а на местото се врши увид