Патничко моторно возило удрило во седумгодишно дете-пешак по што возачот го напуштил местото на настанот.
Несреќата како што информираат од МВР се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница.
-Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде што од страна на лекар биле констатирани телесни повреди, информираат од полицијата.
Извршен бил увид се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.