Хроника 20. јули 2018. / 10:16

Прегазено е шестгодишно детенце во Скопје, итно пренесено на Клиника

Прегазено е шестгодишно детенце во Скопје, итно пренесено на Клиника

Во 15,30 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери, кај место викано „Дунек“ патничко моторно возило “Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од 58-годишниот Ј.И. од Скопје удрило во дете на возраст од шест години.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.