Хроника 15. април 2018. / 20:37

Прегазено десет годишно дете во Ѓорче Петров: Жителите излегоа на протест

Прегазено десет годишно дете во Ѓорче Петров: Жителите излегоа на протест

Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собираат на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако десетгодишно дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов. Детето е пренесено во болница но не се знае каква е неговата здравствена состојба.

Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете, како што велат тие ова е втора несреќа во период од две недели, а четврта несреќа во рок од 5 месеци, поради ова граѓаните излегоа на улиците во знак на револт и улицата на местото на несреќата моментално е непроодна.

Полцијата врши увид на несреќата. Наскоро со повеќе информации.