Хроника 02. јули 2018. / 13:18

Прегазено 8 годишно дете во кумановско

Со автомобил прегазил 8 годишно дете во Липково.

„На 01.07.2018 година околу 15.00 часот на локален пат с.Слупчане- с.Руница, општина Липково, патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.“ – информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.