Хроника 25. март 2019. / 11:49

Прегазено 11-годишно дете во тетовско

Прегазено 11-годишно дете во тетовско

Вчера околу пладне на регионалниот пат Ратае – Желино, во с. Шемшово – тетовско, патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М. (48) од Скопје, удрило во 11 – годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.

Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.