Прегазен пешак на велешките улици, возачот избегал.
Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15,10 во Велес на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата „Алексо Демниевски“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, удрило во пешакот 77- годишниот Ц.Ќ од Велес.
На Ц.Ќ. и е укажана помош во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.