Прегазен велосипедист во Прилеп. Според информациите на полицијата, на 2 мај 2018 година во 22 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода меѓу велосипед „Центурион“ управуван од 17-годишно момче од Прилеп, кој на велосипедот превезувал негов врсник и патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од А.К.(26) од Прилеп.
Во незгодата со тешеки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобил и 17-годишникот што се превезувал на велосипедот. На двајцата им е укажана лекарска помош во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосоно расчистување на случајот.