Ноќеска загина пешак во сообраќајна несреќа во Скопје. Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишен пешак излегол на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче надвор од обележан пешачки премин, а на него налетало возило ,,шкода октавиа“. Од силината на ударот, пешакот починал на лице место.
Дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи на МВР и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, изврши увид на местото каде во сообраќајната несреќа пешакот го загубил животот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот.